ИСОС на две значајни меѓународни конференции за унапредување на сметководствената професија

Претставници на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) земаа активно учество на две истакнати меѓународни конференции од областа на сметководството и ревизијата, организирани во мај 2025 година.На 29 мај 2025 година, ИСОС присуствуваше на Меѓународната конференција за ревизија во Тирана, организирана од Институтот на овластени ревизори на РСМ, Здружението на внатрешни ревизори на РСМ и Албанскиот институт на овластени ревизори (IEKA), каде што беа отворени теми поврзани со иднината на ревизорската професија, со посебен фокус на дигитализацијата, одржливоста и улогата на професионалните организации.Истовремено, од 29 до 31 мај 2025 година, ИСОС учествуваше и на Јубилејниот X Меѓународен симпозиум на сметководители и ревизори на Црна Гора во Улцињ, организиран од Институтот на сертифицирани сметководители на Црна Гора (ISRCG), со поддршка на Светска банка и Министерството за финансии на Црна Гора. Симпозиумот се фокусираше на теми како што се реформите во финансиското известување, примената на стандардите за одржливост и дигиталната трансформација во јавниот сектор.Учеството на овие конференции е дел од континуираните активности на ИСОС за унапредување на професионалните знаења, регионалната соработка и усогласувањето со меѓународните стандарди.

20250520_123237

20250520_102856

20250520_102945

20250521_113740

20250530_090910

20250530_142708

20250530_142709

Screenshot_20250604_131335_LinkedIn

Previous КПУ обука бр.2/2025, во коорганизација на Конто Профит и Глобал Гроуп Консалтинг