ИСОС потпиша два нови меморандуми за соработка

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) продолжува со проширување на партнерствата со релевантни организации и институции преку потпишување на два нови меморандуми за соработка – со Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ-ФОН) и со Комората на вештаци на Република Северна Македонија.

Соработка со АУЕ-ФОН: Едукација и практична поддршка за идните професионалциМеморандумот со Американскиот универзитет на Европа – ФОН е насочен кон продлабочување на соработката во доменот на едукацијата, стручната обука и развојот на практични вештини. Тој претставува втор Меморандум од ваков тип, кој ИСОС го склучува со образовна институција, а во насока на зголемување на атрактивноста на професијата и нејзино доближување до студентите. Договорот опфаќа заедничка реализација на:

  • семинари, конференции и обуки од взаемен интерес;
  • размена на експертиза и поддршка во научни и стратешки иницијативи;
  • вклучување на членови на ИСОС како експерти во практичната настава на студентите;
  • поддршка за студентски практики и ангажмани преку програмата „Студирај и работи“.


Соработка со Комората на вештаци: Јакнење на професионалните капацитетиВториот меморандум, потпишан со Комората на вештаци, има цел да обезбеди заедничко делување во областа на сметководството, судското вештачење и стручната обука. Клучните аспекти од оваа соработка вклучуваат:

  • размена на податоци, знаења и искуства,
  • организација на континуирано професионално усовршување (КПУ),
  • заедничко учество во научно-апликативни проекти,
  • активно учество на експерти од ИСОС во одржување на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на вештаците од областа економија и финансии и на други настани од взаемен интерес,
  • подготвување предлог-документи и насоки за развој на двете професии.

Со овие иницијативи, ИСОС ја потврдува својата заложба за градење партнерства кои придонесуваат кон квалитетен професионален развој, етичко и стандардизирано работење и континуирана едукација на сметководителите.Со почит,
ИСОССкопје, мај 2025

Previous Еднодневна обука за КПУ – Јуни БР. 03/2025 – 8 часови