Одржана втората регионална конференција на професионални сметководители во Македонија

Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

https://youtu.be/TyQsNy6nfJQПотребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а меѓународните стандарди како темел за доверба и одржлив развој. Истовремено, вложувањето во новата генерација професионалци и поддршката за нивниот професионален развој претставуваат клучна инвестиција во иднината на професијата. Ова беа дел од главните пораки упатени на втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители што се одржа на 3 април 2025 во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, во организација на ИСОС. На конференцијата учествуваа над 500 сметководители и овластени сметководители од земјава, како и претставници од релевантни домашни и меѓународни институции, организации, од академската заедница и деловниот сектор.„Сметководствената професија се наоѓа на прагот на суштински промени. Нашата улога денес оди подалеку од традиционалните функции на пресметка и евидентирање – ние сме советници и партнери во управувањето со финансиите, во донесувањето стратешки одлуки, во управувањето со ризици и во обезбедувањето транспарентност и доверба во бизнисите, институциите и организациите“, истакна во своето обраќање на отворањето на конференцијата претседателката на ИСОС, Весна Прентоска. Во рамки на конференцијата се одржаа две панел-дискусии посветени на имплементацијата на Меѓународните сметководствени стандарди (МСФИ) и EСГ принципите во финансиско известување, како и на улогата на младите професионалци во новата ера на сметководството. На првиот панел за имплементација на МСФИ и ЕСГ стандардите во сметководството дебатираа: професорот Атанаско Атанасовски, во својство на консултант на Центарот за финансиско известување при Групацијата на Светска банка, Маја Столевска Костадиновска, главен регионален координатор за меѓународно советување во Западен Балкан на ЕБРД, Иван Симиќ, потпретседател на Организација на даночни советници на Европа, Богоја Китанчев, претседавач на комисијата за ЕСГ при Македонска Банкарска Асоцијација и Зорица Асенова, главен правен советник на Македонска Берза. Во рамки на вториот панел, за искуствата и очекувањата на новата генерација сметководители во нашата земја дискутираа: Емилија Ралевска, сметководител и сопственик на сметководствено биро, Марина Билбиловски, менаџер за операции во оддел сметководство во компанијата „Кордеа“, како и Анастасија Копчаревска и Јасна Јоанидис, студенти на катедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет во Скопје. Дискусијата ја модерираше претседателот на комисијата за образование, обуки и публикации на ИСОС, Иван Ѓуровски. Во вториот дел од конференцијата еминетни практичари од земјата и регионот ги презентираа најдобрите практики и модели за примена на вештачката интелигенција и алатките за анализа на податоци од голем обем (Big Data) кои можат да придонесат за поголема ефикасност, прецизност и стратешко одлучување во сметководството, адаптирано на потребите на современото деловно опкружување. За употребата на вештачка интелигенција во сметководството говореше Марија Михаљевиќ, директор на ревизија во PWC Хрватска, а најдобрите практики во примената на алатките за анализа на податоци во голем обем ги презентираше домашниот експерт од оваа област, Александар Качаковски. Со инспиративно обраќање пред присутните, конференцијата ја затвори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која во оваа прилика истакна: „Стручноста, професионалноста и одговорноста на професијата сметководител е клучната алатка во анализата на сите податоци коишто се основа за донесување на прави деловни одлуки. Професионалниот и одговорен сметководител има исклучително значајна улога во составувањето и потпишувањето на годишната сметка, финансиските извештаи и даночните пријави кои ја имаат клучната улога за државата. Оттука важна улога има Институтот на сметководители и овластени сметководители во унапредување и издигнување на сметководствената професија и градење сметководство со примена на прифатени стандарди во развиените земји кои пак влијаат на конкурентноста на домашните компании и можност за соработка со компаниите на глобално ниво“.

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

023

024

025

026

027

028

029

030

031

032

033

034

035

036

037

038

039

040

041

042

043

044

045

046

047

048

049

050

051

052

053

Previous Интервју со Весна Прентоска, претседателка на ИСОС: Сметководителите се движечка сила на промените во новата економска реалност