Најчесто поставувани прашања
ЧПП
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Кои документи се потребни за стекнување уверение за овластен сметководител?
Потребни документи се:
- 1. Барање за стекнување на уверение за овластен сметководител;
- 2. Уплатница од 6.000 денари;
- 3. Потврда од работодавач за работно искуство во областа на сметководство во времетраење од најмалку три години;
- 4. Диплома од факултет за завршено четиригодишно образование од економија или бизнис, заверена на нотар;
- 5. Изјава за заштита на лични податоци;
Кои документи се потребни за издавање уверение за сметководител?
Потребни документи се:
- 1. Барање за стекнување на уверение за сметководител;
- 2. Уплатница од 2.000 денари;
- 3. Диплома за завршено четиригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот односно 240 ЕКТС, и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една година од областа на сметководството; или
- 4. Диплома за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии со 180 ЕКТС и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството; или
- 5. Диплома за завршено средно економско образование заверена на нотар и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството;
- 6. Изјава за заштита на лични податоци
Кои документи се потребни за упис во регистар на сметководители на Институтот?
Потребни документи се:
- 1. Барање за упис во регистар;
- 2. Уплатница со платена годишна чланарина од 2500 денари;
- 3. Потврда од работодавач за работно искуство во областа на сметководството во времетраење од најмалку две години;
- 4. Потврда во оригинал за неосудуваност т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата;
Кои документи се потребни за упис во регистар на ОВЛАСТЕНИ сметководители на Институтот?
Потребни документи се:
- 1. Барање за упис во регистар;
- 2. Уплатница со платена годишна чланарина од 6000 денари;
- 3. Потврда од работодавач за работно искуство во областа на сметководството во времетраење од најмалку две години;
- 4. Потврда во оригинал за неосудуваност т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата;
Дали при плаќање за барање за упис во соодветниот регистар на уплатницата треба да се запише бројот на Уверение?
Заради соодветно книжење на уплатата задолжително во делот на „цел на дознака“да
се напише бројот на издаденото уверение.
За упис во регистар, дали можам да го докажам работното искуство со листинг од АВРМ доколку фирмата не постои и не може да се обезбеди потврда?
Доколку кандидатот работното искуство го стекнал во правно лице кое згаснало по сила
на закон, работното искуство кандидатот го докажува со Извод од компјутерски запис – образец
М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување за физичко лице и доказ од
Централниот регистар Тековна состојба за избришан субјект за правното лице кое згаснало по
сила на закон.
Дали може документи за стекнување уверение или лиценца за работа да се пратат во скенирана форма на маил?
Документите може да се пратат по електронска пошта, но задолжително се
доставуваат во оргинал или во копија заверена на нотар и само такви се земаат во предвид
при апликација.
Дали можам да се стекнам со уверени врз основа на работно искуство во сметководствени работи повеќе од 10 години, иако немам образование од економски науки?
Согласно Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од
01.08.2022 година) задолжително е стекнато бизнис/економско образование со соодветно
работно искуство во вршење на сметководствени работи.
Колку КПУ часови имам остварено и што ако не го исполнам минимумот до крајот на годината?
Остварените часови КПУ секој член на ИСОС може да ги провери на следниот линк:
https://smetkovoditel.isos.com.mk/login
Моето уверение беше ставено во мирување, колку часови ми се одобрени согласно мирувањето , за да знам колку да исполнам до крајот на годината.
Обврската за континуирано професионално усовршување врз основа на мирување на
статусот на сметководител односно овластен сметководител се намалува и тоа пропорционално
намалување во износ од 1/4 од бараниот број на часови, по квартал, за онолку квартали колку
што траело мирувањето.
Дали за време на мирување на уверение, се намалува износот на чланарината и колку?
Обврската за плаќање на годишната чланарина врз основа на мирување на статусот на
сметководител односно овластен сметководител се намалува и тоа пропорционално намалување во износ од 1/12 од годишната членарина, по месец, за онолку месеци колку што
траело мирувањето.
Зошто не можам да поднесам барање со уверение за стекнато образование, кога во законот пишува дека се поднесува со уверение?
Согласно одредбите член 2 став 1 точка 7 од Законот за високо образование, во
поимникот неведено е дека „Диплома“ е јавен документ издаден од високообразовна установа
со кој се докажува стекнато високо образование од прв, втор или трет циклус, потребно за
продолжување на образованието или за започнување со вршење на соодветна професија.
Не можам да се најавам на веб страната и по ресетирање на лозинка не ми стигнува маил.
За технички проблем за најава на веб платформата потребно е да контактирате со
вработените во Институтот преку праќање на меил на info@isos.com.mk и нашите колеги ќе Ви
дадат напаствија за надминување на проблемот.
Од кога ќе се започне со погање на испит за стекнување со уверение?
Согласно член 65 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на
РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) првиот испит за стекнување статус на сметководител
односно овластен сметководител, согласно со овој закон, ќе започне да се спроведува во рок од
три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Дали ќе се признаваат некои положени испити како олеснување во тестирањето?
По утврдување на условите и критериумите за полагање на испит за стекнување на
статус сметководител односно овластен сметководител, Институтот детално ќе даде
информација по однос на оваа прашање со специфицирање точно кои испити ќе бидат
прифатени.
Избришано физичко лице од регистарот по основ пензионирање како повторно да се упише во истиот ?
Согласно член 36 став 2 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи
(Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) со остварување на право на пензионирање
лицето се брише трајно од соодветниот регистар. Доколку лицето се откаже од правото на
пензија и заснова работен однос може да поведе постапка за упис во регистарот согласно член
27 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022
година).
Дали има некакво олеснување за оние кои се невработени или не работат сметководствени работи?
По издавање на уверение за сметководител и овластен сметководите и упис во
регистар, правата и обврските согласно Законот за вршење на сметководствени работи еднакво
важат и се применуваат за сите членови на Институтот.
Дали за потпишување завршни сметки и даночни биланси за два капитално поврзани субјекти ,треба да сме пријавени во двата субјекти на скратено работно време или може да сме пријавени на полно и дополнително?
Согласно член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник
на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) за целите на финансиското известување обврзникот за
водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител со
полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство, кои согласно со Законот за
трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно
време.
За поврзани субјекти дали може да се потпишува за повеќе од два субјекти ако сме пријавени на дополнително работно време?
Согласно член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник
на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) за целите на финансиското известување обврзникот за
водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител со
полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство, кои согласно со Законот за
трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно
време.
Што значи одлуката на Уставен суд за укинување на правилникот?
Одлуката на Уставниот суд е укинувачка и согласно член 82 од „Актот на Уставниот Суд
на Република Северна Македонија“ истата има правно дејство од моментот кога е донесена,
односно објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.
Оттука, остануваат на сила сите дејствија кои произлегле од Правилникот, а се поврзани со
издадени уверенија за сметководител и овластен сметководител, лиценци за вршење на
сметководствени работи на правни лица и уписи во регистрите на ИСОС.
До донесување на соодветен акт, постапките ќе се спроведуваат согласно Законот за вршење на
сметководствени работи и Статутот на ИСОС.
Доколку правното лице нема шифра на дејност 69.20 дали треба да отвори подружница?
Правното лице треба да основа подружница со приходна шифра 69.20 согласно
националната класификација на дејности-сметководствени, книговодствени и ревизорски
работи и даночно советување.
Во врска со потребни документи за добивање лиценца за Друштво, дали потврдата од Суд треба да се извади за управителот или овластеното лице на подружницата?
Потврдата се издава за овластеното лице-подносителот на барањето за издавање на
лиценца.
Во пензија одам на 10.02.2025 година дали можам да потпишам и поднесам завршна сметка за 2024 година до 28.02.2025 година?
Согласно член 35 став 6 од од Законот за вршење на сметководствени работи
(Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година), сите физички и правни лица запишани во
соодветните регистри се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со
податоците содржани во Регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената врз основа на што ќе се направи ажурирање на податоците во регистрите на Институтот и во
базата на податоци разменета со Централниот регистар на РСМ.
Носител сум на уверение за овластен сметководител, но од моментот на издавање и упис во регистар не работам сметководствена работа, не следам КПУ обуки, а имам обврска за плаќање на чланарина и во овој случај која е постапката да се избришам од регистарот на Институтот?
По подмирување на доспеаната обврска по основ на чланарина согласно член 36 став
1 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од
01.08.2022 година) можете да поднесете сопствено барање за бришење од соодветниот
регистар при Институтот.
По времено бришење од соодветниот регистар, кога може повторно лицето да поднесе барање за упис во регистрите на Институтот?
Сметководител односно овластен сметководител може да поднесе барање за упис во
соодветниот регистар во Институтот по истекот на периодот за кој е избришан.
Кон Институтот имам неплатен долг по основ на чланарина а во тек е постапка за мое бришење од соодветниот регистар на Институтот, дали Институтот има право да бара наплата на долгот по основ на чланарина?
:Согласно одредбите од Статутот на Институтот, Институтот доставува до членовите кои
не платиле членарина известување со обврска во рок од 8 (осум) дена да ја платат членарината.
По истекот на овој рок Институтот ќе покрене постапка за наплата на долг од членот на
Институтот. Во случај кога членот на Институтот е избришан од соодветниот регистар, наплатата
на долг ќе се бара како од физичко лице. Постапката за наплата на долг е независна од
примената на одредбите за бришење од регистарот заради неплаќање члeнарина.
Годишната чланарина до кога најдоцна треба да се плати за тековната година?
Годишната чланарина се плаќа најдоцна до 15.11 во тековната година.
Од кога започнува обврската за следење на КПУ обуки?
Од 01.01.2025 година започнува третиот циклус на обуки со примена на одредбите од
членот 30 став 1 и 2 од Законот за вршење на сметководствени работи, според кои првата година
во која почнува да тече оваа обврска е годината која следи по годината во која сметководителот
е впишан во регистарот на сметководители односно во регистарот на овластени
сметководители.
Како може да се стави уверение во мирување?
Потребно е да се достави писмено барање и кон писменото барање за мирување на
уверение да се приложат и докази со кој се докажува мирувањето на работниот однос. При
постапување по поединечни писмени барања за мирување поднесени од членовите на
Институтот, Управниот одбор ќе ги прифати како основани барањата за мирување кои ги
исполнуваат условите за мирување на работен однос и привремена спреченост за работа
предвидени во Законот за работните односи и тоа:
- 1) Времен престанок на работа поради боледување подолго од 3 месеци;
- 2) Времен престанок на работа поради породилно отсуство;
- 3) Времен престанок на работа поради издржување на казна или изречена воспитна или заштитна мерка за период пократок од шест месеца или заради отслужување воен рок или вршење цивилна служба со надомест, притвор и во други случаи определени со закон;
- 4) Времен престанок на работа на работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон;
- 5) Времен престанок на работа на работник кој е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот подолго од 3 месеца;
- 6) Времен престанок на работа на работник чиј брачен другар е упатен на работа во странство (во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот) на негово барање подолго од 3 месеца.
- 7) и други случаи предвидени со закон;
По завршување на дисциплинската мерка во однос на неостварен број КПУ часови до крај на годината, како повторно да се впишеме во истиот?
Дисциплинската мерка е времено бришење од соодветниот регистар во траење од
една година и по истекот на периодот за кој е избришан сметководителот односно овластениот
сметководител треба да се поднесе повторно барање за упис во регистар согласно член 27 од
Законот за вршење сметководствени работи.
Што е потребно за да бидеме избришани од регистарот?
Да поднесете писмено барање до Институтот.
Дали при аплицирање за лиценца на правно лице,имаме обврска да доставиме М1М2 за управителот?
За добивање лиценца за работа, правното лице треба да поднесе барање до
Институтот. Барањето го поднесува подносителот на барањето-управителот, кон барањето
треба да приложи документацијата согласно член 32 став 2 меѓу кои и уверение за стекнат статус
за овластен сметководител на име на подносителот на барањето-управителот како и список на
вработени лица – вршители на сметководствени работи, регистарскиот број под кој се запишани
во соодветниот регистар на Институтот со назнака на лицата кои имаат право за составување и
потпишување на годишна сметка и/или финансиски извештаи.
Потребни документи се:
- 1. Барање за стекнување на уверение за овластен сметководител;
- 2. Уплатница од 6.000 денари;
- 3. Потврда од работодавач за работно искуство во областа на сметководство во времетраење од најмалку три години;
- 4. Диплома од факултет за завршено четиригодишно образование од економија или бизнис, заверена на нотар;
- 5. Изјава за заштита на лични податоци;
Потребни документи се:
- 1. Барање за стекнување на уверение за сметководител;
- 2. Уплатница од 2.000 денари;
- 3. Диплома за завршено четиригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот односно 240 ЕКТС, и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една година од областа на сметководството; или
- 4. Диплома за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии со 180 ЕКТС и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството; или
- 5. Диплома за завршено средно економско образование заверена на нотар и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството;
- 6. Изјава за заштита на лични податоци
Потребни документи се:
- 1. Барање за упис во регистар;
- 2. Уплатница со платена годишна чланарина од 2500 денари;
- 3. Потврда од работодавач за работно искуство во областа на сметководството во времетраење од најмалку две години;
- 4. Потврда во оригинал за неосудуваност т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата;
Потребни документи се:
- 1. Барање за упис во регистар;
- 2. Уплатница со платена годишна чланарина од 6000 денари;
- 3. Потврда од работодавач за работно искуство во областа на сметководството во времетраење од најмалку две години;
- 4. Потврда во оригинал за неосудуваност т.е. доказ дека лицето со правосилна судска пресуда не е осудувано на безусловна казна затвор над шест месеци, за кривичните дела против работните односи, кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност сѐ додека траат правните последици од пресудата;
Заради соодветно книжење на уплатата задолжително во делот на „цел на дознака“да
се напише бројот на издаденото уверение.Доколку кандидатот работното искуство го стекнал во правно лице кое згаснало по сила
на закон, работното искуство кандидатот го докажува со Извод од компјутерски запис – образец
М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување за физичко лице и доказ од
Централниот регистар Тековна состојба за избришан субјект за правното лице кое згаснало по
сила на закон.
Документите може да се пратат по електронска пошта, но задолжително се
доставуваат во оргинал или во копија заверена на нотар и само такви се земаат во предвид
при апликација.Согласно Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од
01.08.2022 година) задолжително е стекнато бизнис/економско образование со соодветно
работно искуство во вршење на сметководствени работи.
Остварените часови КПУ секој член на ИСОС може да ги провери на следниот линк:
https://smetkovoditel.isos.com.mk/login
Обврската за континуирано професионално усовршување врз основа на мирување на
статусот на сметководител односно овластен сметководител се намалува и тоа пропорционално
намалување во износ од 1/4 од бараниот број на часови, по квартал, за онолку квартали колку
што траело мирувањето.Обврската за плаќање на годишната чланарина врз основа на мирување на статусот на
сметководител односно овластен сметководител се намалува и тоа пропорционално намалување во износ од 1/12 од годишната членарина, по месец, за онолку месеци колку што
траело мирувањето.Согласно одредбите член 2 став 1 точка 7 од Законот за високо образование, во
поимникот неведено е дека „Диплома“ е јавен документ издаден од високообразовна установа
со кој се докажува стекнато високо образование од прв, втор или трет циклус, потребно за
продолжување на образованието или за започнување со вршење на соодветна професија.
За технички проблем за најава на веб платформата потребно е да контактирате со
вработените во Институтот преку праќање на меил на info@isos.com.mk и нашите колеги ќе Ви
дадат напаствија за надминување на проблемот.
Согласно член 65 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на
РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) првиот испит за стекнување статус на сметководител
односно овластен сметководител, согласно со овој закон, ќе започне да се спроведува во рок од
три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.По утврдување на условите и критериумите за полагање на испит за стекнување на
статус сметководител односно овластен сметководител, Институтот детално ќе даде
информација по однос на оваа прашање со специфицирање точно кои испити ќе бидат
прифатени.Согласно член 36 став 2 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи
(Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) со остварување на право на пензионирање
лицето се брише трајно од соодветниот регистар. Доколку лицето се откаже од правото на
пензија и заснова работен однос може да поведе постапка за упис во регистарот согласно член
27 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022
година).По издавање на уверение за сметководител и овластен сметководите и упис во
регистар, правата и обврските согласно Законот за вршење на сметководствени работи еднакво
важат и се применуваат за сите членови на Институтот. Согласно член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник
на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) за целите на финансиското известување обврзникот за
водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител со
полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство, кои согласно со Законот за
трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно
време.Согласно член 31 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник
на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година) за целите на финансиското известување обврзникот за
водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител со
полно работно време. Обврзниците за водење на сметководство, кои согласно со Законот за
трговските друштва се поврзани лица, може да вработат едно исто лице со скратено работно
време.
Одлуката на Уставниот суд е укинувачка и согласно член 82 од „Актот на Уставниот Суд
на Република Северна Македонија“ истата има правно дејство од моментот кога е донесена,
односно објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.
Оттука, остануваат на сила сите дејствија кои произлегле од Правилникот, а се поврзани со
издадени уверенија за сметководител и овластен сметководител, лиценци за вршење на
сметководствени работи на правни лица и уписи во регистрите на ИСОС.
До донесување на соодветен акт, постапките ќе се спроведуваат согласно Законот за вршење на
сметководствени работи и Статутот на ИСОС.
Правното лице треба да основа подружница со приходна шифра 69.20 согласно
националната класификација на дејности-сметководствени, книговодствени и ревизорски
работи и даночно советување.Потврдата се издава за овластеното лице-подносителот на барањето за издавање на
лиценца.Согласно член 35 став 6 од од Законот за вршење на сметководствени работи
(Сл.весник на РСМ, бр.173 од 01.08.2022 година), сите физички и правни лица запишани во
соодветните регистри се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со
податоците содржани во Регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената врз основа на што ќе се направи ажурирање на податоците во регистрите на Институтот и во
базата на податоци разменета со Централниот регистар на РСМ.
По подмирување на доспеаната обврска по основ на чланарина согласно член 36 став
1 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи (Сл.весник на РСМ, бр.173 од
01.08.2022 година) можете да поднесете сопствено барање за бришење од соодветниот
регистар при Институтот.Сметководител односно овластен сметководител може да поднесе барање за упис во
соодветниот регистар во Институтот по истекот на периодот за кој е избришан.
:Согласно одредбите од Статутот на Институтот, Институтот доставува до членовите кои
не платиле членарина известување со обврска во рок од 8 (осум) дена да ја платат членарината.
По истекот на овој рок Институтот ќе покрене постапка за наплата на долг од членот на
Институтот. Во случај кога членот на Институтот е избришан од соодветниот регистар, наплатата
на долг ќе се бара како од физичко лице. Постапката за наплата на долг е независна од
примената на одредбите за бришење од регистарот заради неплаќање члeнарина.Годишната чланарина се плаќа најдоцна до 15.11 во тековната година.Од 01.01.2025 година започнува третиот циклус на обуки со примена на одредбите од
членот 30 став 1 и 2 од Законот за вршење на сметководствени работи, според кои првата година
во која почнува да тече оваа обврска е годината која следи по годината во која сметководителот
е впишан во регистарот на сметководители односно во регистарот на овластени
сметководители.Потребно е да се достави писмено барање и кон писменото барање за мирување на
уверение да се приложат и докази со кој се докажува мирувањето на работниот однос. При
постапување по поединечни писмени барања за мирување поднесени од членовите на
Институтот, Управниот одбор ќе ги прифати како основани барањата за мирување кои ги
исполнуваат условите за мирување на работен однос и привремена спреченост за работа
предвидени во Законот за работните односи и тоа:
- 1) Времен престанок на работа поради боледување подолго од 3 месеци;
- 2) Времен престанок на работа поради породилно отсуство;
- 3) Времен престанок на работа поради издржување на казна или изречена воспитна или заштитна мерка за период пократок од шест месеца или заради отслужување воен рок или вршење цивилна служба со надомест, притвор и во други случаи определени со закон;
- 4) Времен престанок на работа на работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон;
- 5) Времен престанок на работа на работник кој е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот подолго од 3 месеца;
- 6) Времен престанок на работа на работник чиј брачен другар е упатен на работа во странство (во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот) на негово барање подолго од 3 месеца.
- 7) и други случаи предвидени со закон;
Дисциплинската мерка е времено бришење од соодветниот регистар во траење од
една година и по истекот на периодот за кој е избришан сметководителот односно овластениот
сметководител треба да се поднесе повторно барање за упис во регистар согласно член 27 од
Законот за вршење сметководствени работи. Да поднесете писмено барање до Институтот.