January 26, 2026 - In СООПШТЕНИJA

Почитувани,
 
Ве информираме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изработи документ кој содржи Препораки за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Институтот ги изготви овие Препораки за да обезбеди правна сигурност и унифициран пристап во сметководственото евидентирање во периодот додека се изврши потребното ажурирање на подзаконските акти од страна на надлежните државни институции.
 
Главната цел на овој документ е, преку прецизно дефинирање на техничките аспекти на книжењето, да им овозможи на сите членови на ИСОС да ги исполнат обврските за точно и вистинито прикажување на билансните позиции, минимизирајќи го притоа ризикот од евентуални грешки.
 
Препораките се изготвени од страна на Комисијата за стандарди за финансиско известување при Институтот и истите се усвоени од страна на Управниот одбор на ИСОС, по што беа доставени на разгледување од страна на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија. На седницата одржана на 23.01.2026 година, Советот ги одобри Препораките, со што и официјално се овозможи нивната примена.
 
Усвоените Препораки за техничка примена на МСФИ како и одлуката за дадена согласност од советот се во прилог на ова соопштение.
 
Овие Препораки претставуваат официјален стручен став на Институтот и нивната примена од страна на членовите ќе се смета за постапување со внимание на добар и совесен професионалец.
 
ИСОС останува на располагање на сите свои членови – сметководители и овластени сметководители во РС Македонија – како и на институциите, за евентуална дополнителна стручна и експертска поддршка во процесот на примена на МСФИ.
 
 
Документи:
 
– Препораки за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ)
– Достава на Одлука за дадена согласност, со укажување
 
 
Скопје, јануари 2026
Со почит,
ИСОС

The Institute is an independent, non-political and non-profit organization, whose members are accountants and certified public accountants, regardless of their national, religious, racial and other affiliations.

Useful links

Bank account

Procredit Bank
380-1771093051-38
NLB Tutnska Banka
210-0682971602-69
Komercijalna Banka
300 000 005 366 852
Ul. “St. Kiril i Metodij” no. 20, office building of Automakedonia, floor 2 (next to Makpetrol’s main office)
+389 (0)2 3200030
Street Kay 13th November tower 2/8 Skopje (GTC main directorate building)
+389 (0)2 3200030
ISOS © 2023. All rights reserved.